Тројца тешко повредени во сообраќајка кај тетовско Слатино
Три лица, двајца малолетници од Слатино и возрасна жена од Нераште, се потешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 11 часот и 40 минути се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце пред влезот во Слатино, информираа од тетовската полиција. Во несреќата учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблички, „Голф“ што го управувал 16-годишник од Слатино и „Опел корса“ управуван од Ф.А.(36) од Нераште.