Македонец фатен со 32 кила дрога во Грција - го откри полициското куче
Грчката полиција, со помош на полициското куче Хани, на грчката страна од граничниот премин Богородица (Евзони) во петокот напладне, уапсила 36-годишен странски државјанин кој во Грција се обидел да внесе 32 килограми и 766 грама канабис, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјанин.