Продолжен притворот на осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги
Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Заедно со обвинителниот акт, ценејќи дека се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничената, соопшти Јавното обвинителство.