Урнат кран на патот Качаник-македонска граница, тројца работници повредени
На автопатот во изградба „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, вечерва се урна дел од градежната машинерија, при што полесно се повредени тројца работници, а привремено е затворен и патот од границата меѓу Македонија и Косово, поточно од Генерал Јанковиќ до Качаник, јави дописникот на МИА од Приштина.