Четири лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто четiриесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.