Притвор за Дебарчанецот кој ограби пари и предмети во вредност од 40.000 евра
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“, ОВР Дебар поднело кривична пријава против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија денеска од МВР.