Притвор на двајца полициски службеници од Демир Капија поради примање поткуп
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.Ф.(27) и Д.Т.(22), полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, изјави денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.