Двајца потешко, а шест полесно повредени во судар на македонски автобус и камион кај Линц
Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест лица се полесно повредени во сообраќајката која се случила изутрината, во 6 часот, во близина на Линц, Австрија. Во несреќата се судриле македонски автобус и товарен камион.