Кавадарчанец украл “југо” и предмети од пет други возила, лишен е од слобода
Триесет и четиригодишниот кавадарчанец Б.О. украл “ југо” и предмети од пет други возила, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, утрината бил пронајден и лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.