Кај скопјанец пронајдени хероин и кокаин, полицијата поднесе кривична пријава
Минитерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 24 септемвир 2018 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по преземени мерки за извршено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, извршен е претрес во дом лоциран на улица „Лазар Танев" во Скопје, сопственост на пријавениот, каде истиот престојува заедно со неговиот 28-годишен внук.