Присуство на алкохол во крвта е утврдено кај 55 од вкупно 133 алкотестирани возачи, а еден возач одбил да биде тестиран, во полициската акција спроведена ноќеска од 23 часот до пет часот изутрина.
Опожарена е салата и дел од фоајето на ноќниот клуб „Станица 26“ на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.
Вандалски чин во градскиот парк кај новата црква во Делчево резултираше со искршени клупи, откорнати корпи за отпадоци, превртени детски реквизити.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М. (24) од струшкото село Велешта и П.О. (27) од Либражд - Република Албанија.
Полициските службеници синоќа од 23 часот до 5 часот изутринава во Скопје контролирале вкупно 200 возачи, алкотестирани биле 150 возачи, а кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање.
Од 20:05 часот, сообраќајот на регионалниот пат Прилеп - Крушево е нормализиран, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп - Крушево од 19:30 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Поради сообраќајна незгода што се случила попладнево на регионалниот пат Прилеп - Крушево, сообраќајот од 17:40 часот е целосно во прекин, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Основното јавно обвинителство Струга започна истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик“.
Полицијата вчера во 10 часот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица го привела И.С. (37) од Кавадарци осомничен за сторени повеќе кривични дела тешки кражби и тешки кражби во обид во станови во повеќе градови во државата, како и кривично дело убиство во обид.