Кај струмичка Водоча во две возила откриени 21 илегален мигрант
Полициски службеници, вчера, околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, запреле две патнички возила - „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки во кои биле пронајдени 21 илегален имигрант.