Бугарин измамен во Кривогаштани, платил 500.000 денари за пиперки, но не ги добил
Бугарскиот државјанин П.К.(43) од Софија е оштетен за 483.640 денари откако дошол во селото Обршани, општина Кривогаштани, да купи пипер. Количините што ги таксал ги исплатил, почекал да се товарат во камион и заминал. Но, сфатил дека е измамен откако камионот не пристигнал на договореното место.