Албански државјанин починал од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.
Дваесет и шестгодишен Англичанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во несреќата повредени се и уште две лица.
Кривична пријава е поднесена против две бугарски државјанки кои украле паричник со околу 18.000 денари од жена на Бит пазар.
Кривична пријава е поднесена против 54-годишен скопјанец кој на 2 септември по вербална расправија се обидел со нож да ја убие својата сопруга.
Еден велосипедист и еден возач на мотор се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајки што се случиле во изминатото деноноќие во Скопје.
Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Од судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Кумановската полиција, вчера го лиши од слобода, 43-годишниот кумановец Љ.М поради сомнение дека извршил кривично дело „убиство во обид“, соопштија денеска од СВР Куманово.
Возило со полски таблички целосно изгоре во пожар на автопатот Табановце - Куманово.
Десет компјутери, монитори и инвентар изгореа во пожар што рано утрината избувна во куќа во скопското село Љубош.