Две лица тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Скопје
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 20,10 часот, на регионален пат Куманово - Скопје, кај село Никуштак, помеѓу патничко возило „Фолксваген Венто“ управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско.