Родилка од Гевгелија починала, се бара одговорност од институциите
Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем.