Кривична пријава за кражба на струја за жител на село Едрениково
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.С (51) од село Едрениково, поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, соопшти денес полицијата.