Тетовчанец на нива со пченица и грашок одгледувал и канабис
На 9 и 10.07.2018 година, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, во соодејство со јавен обвинител и инспектор од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извршиле увид на четири земјоделски парцели, лоцирани во атарот на село Лешок, тетовско во месноста „Гладница“.