Четири лица тешко повредени, 28 сообраќајки викендот во Скопје
Двајца пешаци, сопатник во патничко моторно возило и возач на мопед биле тешко повредени во четири од вкупно 28 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд. Во 12 сообраќајки биле полесно повредени 18 лица, а во 12 била причинета материјална штета.