Полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против малолетник од Кичево роден 2003 година поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“.
Автомобил марка „Форд галакси“ вчера излетал од коловозот кај селото Војница и удрило во земјен брег од десната страна при што со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
Скопјанец вчеравечер се здобил со тешки телесни повреди откако со своето возило удрил во жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.
Седумнаесетгодишен кавадарчанец бил тешко повреден при сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 22:30 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци.
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле 13 сообраќајни незгоди. Во шест сообраќајки биле повредени шест лица, од кои едно потешко.
Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник.
Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим.
Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка.
Гостиварец со закани и навреди и обид за физички напад спречил извршителка од Скопје да постапи по девет предмети за извршување против неговиот син.
Автоматска пушка и рамка со куршуми се пронајдени во домот на Б.И., 38-годишен жител на село Черкези, Кумановско, по извршен претрес со судски налог од страна на полицијата.