Кавадарчанец платил за работа во Германија, а работа не добил
Кавадарчанец пријавил измама, платил околу 300 евра за да му обезбедат работа во Германија, а работа не добил. Оваа информација за МИА ја потврди Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.