Украдена Тојота додека скопјанка купувала сендвич
Синоќа околу 22.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.С. (48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21.20 часот на ул. „Дебарца“, општина Карпош, непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „Тојота Јарис“.