Нападнат со нож и ограбен 16-годишник во Скопје
Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа било донесено 16 годишно момче со расекотини од нож во пределот на грбот, откако претходно, според пријавата во полицијата, било нападнато од пет непознати лица на кејот на Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“.