Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19,30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање.
Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава .
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против поранешните директори на Агенцијата за филм на Република Македонија, Дарко Башески и Мими Ѓоргоска Илиевска.
Кривична пријава и притвор заработи дваесетгодишен скопјанец за продажба на марихуана. При претрес во неговиот дом во Визбегово, полицијата пронашла 1,9 килограми наркотична дрога.
Возач на мотоцикл e потешко повреден во една од 10. сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во четири била причинета само материјална штета.
Двајца скопјани вчера во централното градско подрачје биле нападнати и каснати од кучиња скитници. Нападите биле пријавен во Полициската станица Центар.
Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот.
Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје.
„Снимај ме, сликај ме братче да видат тркачите дека Таше вози, а не дека некој друг го вози моторот на Таше“, им рекол сега загинатиот моторџија од Битолско на своите другари.