Припадник на АРМ се здобил со тешки изгореници од барут на Криволак
На 20.04.2018 година во 18,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12,00 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут).