Прилепчанец физички нападнат, уценуван и ограбен поради „Фејсбук“ статус
Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина, а по него влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите. Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале.