Полицајци добиле закани по живот на плоштадот „Скендербег“
На Плоштад „Скендербег” во Скопје, вчера околу 22,10 часот по извршено легитимирање на А.И.(26) од Скопје, од страна на полициски службеници, истиот се вратил со поголема група лица упатувајќи им закани по животот на полициските службеници, по што лицата се дале во бегство.