Љубоморна Скопјанка нападнала рецепционери во хотел, се сомневала дека дечко и ја изневерува
Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања.