13 сообраќајни незгоди во Скопје, 3 повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица добиле лесни телесни повреди. Шест возила се исклучени од сообраќајот бидејќи четири биле нерегистрирани, а две технички неисправни.