24 годишно момче загина во сообраќајка на автопатот Неготино-Гевгелија
Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3.30 часот, кај местото викано Арсова Лака.