Масовна тепачка во економското училиште во Гостивар
Две малолетни лица се хоспитализирани на скопските клиники, а едно во гостиварската болница, по тепачка која попладнево избила меѓу две групи во кругот на средното економско училиште. Мотивите и бројот на учесниците во тепачката ги истражува гостиварската полиција.