Санкционирани 129 возачи во Скопје
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас.