(Видео) Со хеликоптер спасена туристка од Австрија која се повредила додека скијала на Попова Шапка
- Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите, се посочува во соопштението.