По сообраќајката на патот Битола-Прилеп-Демир Хисар, 20 лица итно хоспитализирани во битолската Клиничка болница
На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.