Едно лице полесно повредено во пожар во Берово
Едно лице е полесно повредено во пожар во куќа на улица ,,23 Август" во Берово. Во пожарот што се случил синоќа околу 22:30 часот, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Берово, која спречила огнот да ги зафати соседните куќи, кои се наоѓаат во близина.