Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница
- Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.