Приведен криумчар на мигранти, бегајќи повредил двајца полицајци и удрил во наплатна рампа
Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..