Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер
Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, вчера по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско, при што се пронајдени марихуана, дигитална вага и еден куршум.