(Видео) Специјалците од МВР и ренџерската служба спасија две момчиња на кои им се превртел чамецот во Мавровското Езеро
Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово" и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.