Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
МВР денеска соопшти дека истиот ден во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.