Во февруари изречени 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
Во текот на февруари годинава во рамки на сообраќајните контроли издадени биле 23.844 платни налози, од кои 1.508 се однесувале за некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани биле и 475 пешаци.