Приведен малолетник, пронајдени околу 200 кесички марихуана
Полициски службеници синоќа во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, привеле 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана, соопшти МВР.