Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
Од секторот за односи со јавност и протокол на МВР сооштија дека на 5 јануари годинава, околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.