Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење
Како што соопшти денеска МВР, според статистичките показатели прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење убедливо предничат, така што евидентирани се вкупно 1.498 прекршоци, во споредба со 535 издадени платни налози по основ на непрописно паркирање.