Тој се сомничи дека во февруари извршил три кражби од приватни имоти и одзел повеќе предмети. Од МВР информираа дека Е.И. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал извршените кривични дела.
Во Куманово на улицата „Моша Пијаде“, бил опожарен и автомобил, соопшти РЦУК Куманово. Противпожарна единица го изгасила пожарот, за кој денеска информираше и кумановската полиција.
На 19.02.2023 во периодот од 00.00 до 05.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 143 возачи
При засилената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден се санкционирани 517 возачи
На улица „Душко Поповиќ“ во Гостивар синоќа околу 21.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода З.С.(47) од гостиварско Чегране
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во периодот од 10:00 до 18:00 часот била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената
Во рамки на акциските контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки
Територијалната противпожарна единица од Кочани го локализираше и успеа целосно да го изгасне шумскиот пожар што попладнево избувна на падините на Осоговските Планини, на десетина километри од градот.
На подрачјето на Шуто Оризари ноќеска, во 01:25 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.
Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец под сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик