12 годишното дете кое беше пронајдено со повреди на улица не се сеќава на ништо, во крвта потврдено присуство на дијазепам
- Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа.