Приведен хирург од Клиничката болница во Битола, по извршена операција побарал 150 евра да се почасти
Полицијата вчера го привела М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола поради сомневање дека примил поткуп. За него е предложена и мерка притвор, бидејќи, според битолското обвинителство, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.