Кривична пријава за 39 годишен жител на Пробиштип, ја злоупотребил дебитната картичка на неговиот татко за интернет трансакции
Во периодот од март до октомври 2022 година, пријавениот набавил банкарски податоци од дебитна платежна картичка на неговиот татко, по што преку интернет извршил 39 успешни трансакции кон повеќе домашни правни лица, со што го оштетил за износ од 74.465 денари.