Кривична пријава против фирма за канабис, го прекршиле Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Битола и правно лице од с.Кравари, битолско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.