Претреси на повеќе локации во Скопје, пронајдени оружје и муниција, приведени четири лица
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, вчера во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено извршија претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што од слобода се лишени четири лица И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје